Шампионка од Олимпијадата во Сиднеј стана менаџер на Данска

Поранешната репрезентативка на Данска која во националниот дрес одигра 129 натпревари и постигна 299 гола, Кристина Рослинг е новиот менаџер на данската селекција.

Таа доби новаулога така што одново ќе биде со репрезентацијата со која во 2000 година на Олимписките игри во Сиднеј дојде до златниот медал.

„Овае многу одговорна позиција. Како менаџер можам да ги комбинирам моите игри и менаџерско искуство. Исто така имам корисно искуство и во областа на спортската психологија. Со нетрпение очекувам да почнам со работа со тимот и да ги применам своите вештини“, вели Рослинг.

Таа има 42 години, а покрај златниот медал во 2000 година во Сиднеј, освои и златен медал на Европското првенство во 2002 година на домашен терен и сребрен во 1998 година исто така на Европски шампионат.

Воедно таа е и сопруга на легендата на данскиот ракомет, еден од најдобрите играчи на позицијата лево крило, Ларс Кристијансен.