Шампионите по хет-трик на ЕП: Ние сме волци, ние сме Шпанци (ВИДЕО)

Пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, ракометарите на Шпанија на ракометниот свет му го претставија новото мотивациско видео и на тој начин покажаа дека сериозно остануваат посветени на одбраната на европските титули кои ги освоија двапати по ред во 2018 и 2020 година.

Шпанија на Европското првенство ќе настапи без неколку ракометари кои беа носители на играта во претходните години.

Сепак, составот на Жорди Рибера, кој ќе биде надополнет со искусните Канељас, Македа, Гвардриола, Перез де Варгас, има големи шанси да направи солиден успех.

Ракометарите на Шпанија првиот дуел на Европското првенство ќе го одиграат на 13 јануари против Чешка во рамките од Групата Е. Освен со Чешка, Шпанците во првата фаза во Братислава ќе играат и против селекциите на Шведска и Босна и Херцеговина.