Чупиќ, Џомба, Дибиров…со поддршка за фудбалерите пред стартот на ЕП (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија влезе во друштвото со ракометната, кошаркарската и одбојкарската селекција, со настап на едно големо натпреварување, односно Европско првенство.

Македонските репрезентативци веќе се во романската престолнина, Букурешт, каде што ќе ги одиграат првите два меча против Австрија и Украина. Од Скопје стигна поддршка и од вардарци.

Иван Чупиќ, Тимур Дибиров, Гоце Георгиевски…упатија поддршка кон избраниците на Игор Ангеловски.

„Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар 1961 испраќаат силна поддршка до нивните спортски колеги од фудбалската репрезентација. Европското чудо кое тие го направија е мотив плус за нашите фудбалери. Храбро до последен атом!“, напиша медиа тимот на ФФМ на Фејсбук.

Освен Австрија и Украина, македонските фудбалери ќе се соочат и со Холандија во групната фаза на ЕП.