Чупиќ: Финале не се игра, финале се победува!

Ракометарите на Загреб добија покана за настап на Ф4 два дена пред стартот, но обезбедија место во финалето.

Хрватскиот првак предводен од Иван Чупиќ на пенали го победи Мешков Брест, а во финалето ќе се сретне со бранителот на тронот, Веспрем.  Чупиќ вели дека унгарскиот тим е поквалитетен, но дека се е можно.

„Против Мешков Брест беше вистинско полуфинале. Среќата нè посака, но заслуживме пласман во финале. Веспрем е екипа за која не треба да се зборува премногу. Финалето е финале, се игра еден натпревар. Ние треба да одиграме многу подобро отколку против Мешков и така треба да размислуваме. Се е можно, иако Веспрем е поквалитетен, финалињата не се играат, финалињата се победуваат“, вели Чупиќ.

Натпреварот меѓу Загреб и Веспрем се игра во СЦ „Крешимир Ќосиќ“ во Задар вечерва од 19:00 часот.