Чупиќ се врати во Скопје, но како противник на Вардар

Хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ по пет сезони минати во Вардар, ова лето реши да се врати во татковината во хрватскиот шампион Загреб.

Тој допатува во Скопје со „плинарите“ и би требало да биде во тимот што ќе истрча во СЦ „Јане Сандански“, но овојпат како ривал на „црвено-црните“.

Чупиќ сигурно ќе има топло добредојде од околу 2.000 присутни, па иако нема да му биде сеедно, сепак како вистински професионалец ќе се потруди да постигне што повеќе голови во вардаровата мрежа.

Хрватот со Вардар освои вкупно 15 титули – четири титули во македонската Суперлига, три во Купот на Македонија, три во Суперкупот на Македонија, три во СЕХА лигата и две во Лигата на шампионите.

Натпреварот меѓу Вардар и Загреб се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.