Чупиќ сака да се пензионира дома – налето се сели во Загреб!

Десното крило Иван Чупиќ по четири сезони поминати во Вардар, најверојатно од лето ќе има нов предизвик во кариерата и ќе игра за хрватскиот Загреб!

34-годишниот хрватскиот репрезентативец по долго време играње надвор се враќа во татковината, пишува „Балкан Хендбол“, кој тврди дека Чупиќ веќе го потпишал договорот на три години.

Тој ќе го одработи договорот со Вардар, кој му завршува на лето и по 14 години играње за Горење, Октавио ПП, Рајн Некар, Келце и Вардар ќе се врати дома.

Чупиќ со Вардар играше три пати на завршните турнири во Лигата на шампионите и освои две титули. Покрај десното крило, во Загреб доаѓа и Жељко Муса, па хрватскиот шампион ќе има конкурентен ростер за наредната сезона.