Чупиќ: Новите играчи треба да разберат што е Вардар и каде се дојдени!

„Доаѓаат од клубови каде имале поинакви улоги, а тука се бара нешто сосем различно од нив“ - истакнува Чупиќ.

Хрватскиот интернационалец, Иван Чупиќ е еден од најискусните во редовите на европскиот првак Вардар, а како „староседалец“ е еден од оние кои треба да ги воведе новите играчи во системот и начинот на функционирање на „црвено-црните“.

Останаа вардарци без претсезонскиот трофеј во Струга, а веќе претрпеа и втор пораз на пријателски меч од Еурофарм Пелистер, а за една седмица ги чека четвртфиналето од СЕХА лигата со Нексе.

„Многу работи треба да поправиме. Имаме многу нови играчи и соблекувалната треба да ’кликне’ како што треба, а и новите играчи да ги прифатат своите улоги. Доаѓаат од клубови каде имале поинакви улоги, а тука се бара нешто сосем различно од нив. Потребно е време за да разберат што е Вардар и каде дошле. Тука нема криење, секој мора да има улога и да превземе одговорност и да се префрли на она што значи да играш во Вардар. Повреден или не повреден, ме боли, не ме боли, можам – не можам… На крајот од денот во Вардар секогаш се оди на победа. Може добро е што ни се случи ова во Струга за да не врати каде што ни е местото. Дека не чека многу тешка сезона, со многу работа и дека мораме да се корегираме сите од прв до последен. Од одбрана, напад, транзиција, начин на размислување и кои се нашите цели. Ако сакаме во февруари, март да се доближиме до амбициите кои си ги имаме поставено“, потенцира Иван Чупиќ.

Комплетното интервју со Чупиќ може да го прочитате на линкот во продолжение.

ИНТЕРВЈУ ИВАН ЧУПИЌ: Никој не може да ми понуди толку многу пари со кои ќе ме натера да заминам од Вардар