Чупиќ бил на чекор до Динамо Букурешт, но Романците го откажале трансферот!

Еден од најдобрите ракометари на Вардар, Иван Чупиќ, беше првиот од низата што се договори за останување во европскиот првак.

Сепак тој бил пред трансфер во романскиот првак Динамо Букурешт, но на негово место беше ангажиран Валентин Јонеа.

Ова во изјава за романските медиуми го обелодени Даниел Георгеску, кој ги водел преговорите за Динамо Букурешт, но не успеал да го комплетира трансферот.

„Добрите резултати што ги постигна Динамо во последните сезони во Лигата на шампионите, го направија клубот привлечен за големи имиња. Можам да кажам дека доставивме понуда за Абало и тој сакаше да дојде кај нас. Тоа зборува многу за еволуцијата на Динамо во последниот период. Преговаравме и со Иван Чупиќ. Неговиот агент ми се јави и ме праша: „Што правиме, дали ќе ми пратите договор или не? Но, фактот дека, од следната сезона, мора да имаме најмалку осум романски играчи, нè натера да се откажеме“, изјави директорот на клубот, Даниел Георгеску.

Чупиќ комплетираше четири сезони во Вардар, три пати играше на завршниот турнир во ЛШ, а два пати ја освои титулата.