ЧСМ Букурешт ќе има вардаров двоец на десен бек, доаѓа и холандска репрезентативка

Словенечката интернационалка Барбара Лазовиќ, наскоро повторно ќе го облече дресот на тимот на ЧСМ Букурешт.

Романскиот тим најверојатно ќе остане без услугите на Нора Мерк, па овој трансфер е логичен след на настаните.

Покрај Лазовиќ, на десен бек во ЧСМ ќе игра уште една поранешна вардарка, Андреа Кликовац. Словенката, минатата сезона беше членка на Будуќност.

Во романскиот тим доаѓа и уште едно лево крило – холандската репрезентативка Мартине Смитс, кој оваа сезона играше за францускиот Мец.

Од ЧСМ заминаа голманката Јон, Лекиќ и Грбиќ, а последните две потпишаа за Будуќност, додека Јулија Куреа ја заврши кариерата.