ЧСМ Букурешт и Бакау со интерес за Горан Крстевски

Средниот бек Горан Крстевски оваа сезона игра во романскиот шампионат и го носи дресот на Фочани.

По неколкуте одлични партии, интерес за македонскиот репрезентативец покажаа уште два тима од Романија.

Станува збор за ЧСМ Букурешт и за Бакау, каде што тренер е некогашниот стратег на Вардар, Перо Милошевиќ.

Ресенчанецот има уште една година договор со Фочани, но лесно може да се случи да ја промени средината на лето.

Крстевски се најде на поширокиот список на селекторот Кире Лазаров пред последните две средби од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка.