Чиста петка за Ончев, Тримо обезбеди следна фаза во Купот на Словенија

Тимот на Тримо Требње, каде што настапува македонскиот интернационалец Тоше Ончев, обезбеди место во осминафиналето на словенечкиот Куп.

Тримо славеше на гостувањето кај Мокерц со 43-28, а еден од најдобрите стрелци кај победничкиот тим беше токму Ончев.

Македонскиот лев бек постигна пет гола од пет обиди и му помогна на тимот предводен од Урош Зорман за убедливата победа.

Ривалот во осминафиналето Тримо ќе го дознае дополнително.

Кон крајот на декември, за словенечкиот тим потпиша и пикерот Милан Лазаревски, кој го чека дебито на официјален натпревар.