„Десетка“ на Ончев, Тримо на македонски погон до нов триумф

Тимот на Тримо Требње каде што настапуваат македонските интернационалци Тоше Ончев и Милан Лазарвески продолжува со одличните игри и ја продолжи победничката серија. Тримо го совлада Марибор со 30:24 во 17. коло од првенството на Словенија.

Точе Ончев одигра уште еден маестрален натпревар за Тримо и беше најефикасен во неговиот тим со десет погодоци. Милан Лазаревски беше стрелец на еден погодок, а имаше и две исклучувања.

Тримо Требње имаше целосна контрола на натпреварот во текот на сите 60 минути. Уште на полувремето домашниот тим имаше солидно водство од 15:11, а до крајот на мечот без поголеми проблеми го сочуваа за нови бодови.

Тримо Требње останува на втората позиција веднаш зад Целје со 28 бода, односно три бода помалку и натпревар помалку. Во следното коло Ончев и Лазарвски со својот тим ќе гостуваат на екипата на последно пласираниот Смартно кога ќе бидат големи фаворити.