Чесите со 20 ракометари ќе се подготвуваат за Македонија или Романија

Репрезентацијата на Чешка ги започна подготовките за бараж натпреварот во кој ќе го чека подобриот од двомечот помеѓу Македонија и Романија. Чесите ќе одиграат два контролни натпревари против Србија.

Натпреварите со Србија се закажани на 18. и 19. март, а собирот на повиканите репрезентативци е денес, припремите ги завршуваат на 20. март.

„Имаме мешавина на искусни и млади играчи, комбинацијата е навистина добра. Со пристапот кој го имаме верувам дека можеме да постигнеме големи работи. Оваа репрезентација поседува квалитет, првата цел на овие контролни натпревари ќе биде подобро да се запознаеме, а потоа следат квалификациите во кои треба да се покажеме во најдобро светло“, изјави Шпанецот на клупата Чешка, Хавиер Сабате.

За овие припреми Сабате смета на 20 ракометари.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ: Томаш Бабак, Томаш Чип, Вацлав Франк, Јакуб Хрстка, Станисласв Кашпарек, Матеј Клима, Шимон Мицер, Томаш Мрква, Војтех Пацел, Леос Петровски, Томаш Пироч, Доминик Солак, Степан Земан, Мартин Брежина, Матеј Хавран, Јан Хрдличка, Лукаш Морковски, Јан Ужек, Марек Ванчо, Денис Харбиш.

Првиот натпревар од двомечот против Македонија или Романија Чешка ќе го игра на домашен терен на 13. април.