Червар: Навивам за Ливерпул и Ајакс, му се восхитувам на Жозе Мурињо…

Лино Червар за еден месец ќе наполни 70 годни, но и понатаму останува да ја води хрватската репрезентација во походот кон нови медали на големите натпреварувања.

Иако планираше да и каже збогум на тренерската кариера ова лето, сепак одложената Олимпијада му ги промени плановите.

Во интервју за хрватскиот „24 Сата“, Червар говореше на интересни теми, а најмалку за ракометот. Тој откри за кои фудбалски клубови навива.

„Навивам за Ливерпул и Ајакс. Каква штета беше што лани не играа овие две екипи во финалето од Лигата на шампионите. Тоа сигурно ќе беше еден од најдобрите натпревари во историјата. Многу ми е драг Јирген Клоп, Ливерпул го сакам ццел живот, исто така и Ајакс. Следам и тенис, навивам за нашите тенисери, а од странските најдраг ми е Енди Мареј“, вели Червар.

Некогашниот стратег на Металург и селектор на македонската репрезентација, вели дека е импресиониран од Жозе Мурињо.

„Читам многу, во последно време најмногу за подготовките на спортистите, за спортската психологија. Секогаш учите нешто ново. Навистина сум импресиониран од Жозе Мурињо, особено од оној период кога го водеше Порто. Подоцна читав многу за неговиот начин на работа“, вели Червар.