Чаир со победнички старт на турнирот во Чешка

Тимот на Чаир имаше победнички старт на силниот меѓународен турнир што се игра во чешкиот град Ходонин.

Против домаќинот на овој турнир, Чаир славеше со 32-28, откако и на полувремето имаше плус еден, 15-14.

Во вториот дел шанса за настап добија сите ракометарки, но немаше никаква промена на терен, па Чаир само рутински ја одржа и ја зголеми предноста.

Тренерот Басри Љатифи им даде шанса на сите ракометарки, а следниот натпревар Чаир го игра против словачкиот тим Слован Дусло Шала.