Чаир подготвен за историја во Европа (ФОТО)

Ракометарките на Чаир утре ќе го одиграат реванш дуелот против израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган и ќе бркаат четири гола негатива за пласман во следната фаза од Европскиот Куп.

Избраничките на Басри Љатифи на првиот дуел, кој беше одигран во Автокоманда, загубија со 33:30.

Чаирчанки денес во Тел Авив го одработија единствениот тренинг и се запознаа со салата каде што ќе се игра утрешниот натпревар.

Дуелот меѓу Макаби Аразим Рамат Ган и Чаир ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.