Чаир немаше многу среќа, налета на Наиса од Ниш

Еден од тимовите со богата традиција, кој во последните години не е на нивото од минатото, Наиса од Ниш е противник на Чаир во 2. рунда од Европскиот куп.

Ракометарките на Чаир немаа многу среќа бидејќи наидоа на ривал кој е најдобро рангиран од сите кои се дел од 2. коло во овој куп кој е наследник на Челенџ купот.

За Чаир ова ќе биде деби настап и сигурно нема да биде воопшто лесно бидејќи Наиса ќе биде домаќин на реваншот од двобојот кој е предвиден за во октомври.

Наиса пред две сезони во осминафиналето беше противник на Пелистер, а тогаш битолчанки двапати гостуваа во Ниш и загубија. Се работи за добро познат ривал, па останува чаирчанки да се соочат со сериозен предизвик.

Првиот натпревар на кој тимот на Чаир треба да биде домаќин е предвиден за 10 или 11 октомври, а реваншот е една недела подоцна.