Чаир два пати ќе игра на Фарски Острови

Тимот на Чаир по вторпат во клупската историја ќе биде претставник на Македонија во Европскиот Куп.

Ривал на Чаир е шампионот на Фарски Острови, Х71, но иако двата меча од второто коло ќе се играат во Торшавн, нашиот тим останува фаворит за пласман во следната рунда.

Натпреварите ќе бидат одиграни на 16 и 17 октомври, а саатниците ќе бидат допрва прецизирани.

Минатата сезона Чаир беше елиминиран во истата рунда во истата конкуренција од српскиот тим Наиса Ниш.

Покрај Чаир, македонски претставници во Европскиот Куп ќе бидат Металург, Деспина и Вардар.