„Црно-белите“ најдоа замена за Петриќ, се создава црногорска колонија во Партизан

Тимот на Партизан по ангажманот на Ѓорѓе Чирковиќ на тренерската позиција, полека го формира ростерот за новата натпреварувачка сезона.

Меѓу новите ракометари, тројца се од Црна Гора – Лука Барјактаровиќ, Јанко Кустудиќ и Ѓорѓе Шљукиќ. Левиот бек Барјактаровиќ има 20 години, доаѓа од босанската Слобода Тузла, и таму беше меѓу најдобрите стрелци.

Уште еден лев бек е Кустудиќ, кој доаѓа од Црвена Ѕвезда и ќе има шанса да се покаже на „Бањица“, додека Шљукиќ доаѓа од Сутјеска Никшиќ.

Tретиот лев бек е 21-годишниот Никола Ковачевиќ кој доаѓа од Војводина, а лани играше во СЕХА лигата за тимот од Нови Сад, додека во домашното првенство беше на позајмица во Југовиќ Каќ.

Претходно беше промовиран и голманот од Црвена Ѕвезда, Димитрије Јелиќ, а во следниот период треба да биде промовиран и Гркот Георгиос Маркататос, кој игра на пивотменската позиција.

Партизан остана без голманот Трнавац кој отиде во Војводина, без Петриќ кој потпиша за Вардар, како и без искусниот Вук Лазовиќ. Капитенот Зечевиќ ќе паузира подолго време поради повреда.