Црногорски судии за последниот европски меч годинава на Еурофарм Пелистер

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло во групната фаза од Лигата на Европа.

Црногорските арбитри Стефан Ивановиќ и Милан Вујисиќ ќе го судат мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Бидасоа Ирун.

Делегат на овој натпревар што ќе се одигра во вторник во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот ќе биде Михаил Башев од источниот сосед на Македонија.

Еурофарм Пелистер загуби на првиот меч во Ирун со убедливи 32-20 и ќе се обиде да му се реваншира на шпанскиот тим  за поразот.