Црногорска фудбалска легенда им даде поддршка на ракометарите во Будимпешта (ФОТО)

Легендарниот црногорски фудбалер и претседателл на тамошната фудбалска федерација, Дејан Савичевиќ, ги посети ракометарите во Будимпешта.

Црна Гора е хит на Европското првенство во Унгарија и Словачка, а поддршката од останатите спортски работници доаѓа од сите страни.

Меѓу тие кои дојдоа и во живо да ја искажат поддршката е Дејан Савичевиќ, кој посака успешни настапи во последните две кола.

Црна Гора денеска ќе се соочи со Франција, а до крајот на првенството им останува дуел со Исланд.