Црногорките во строј, Бојана Поповиќ го состави тимот за Олимписките игри

Селекторот на Црна Гора, Бојана Поповиќ го скрати поширокиот список на ракометарки за Олимписките игри, a овој пат на нејзинот список се наоѓаат 17 ракометарки. После турнирот во Шиофок ќе се знае кои две ракометарки ќе останат во Подгорица.

За проверка на силите пред стартот на Олимписките игри, Црна Гора ќе одигра два контролни натпревари со Унгарија и Бразил во Шиофок.

На тие натпревари, Бојана Поповиќ шанса ќе им даде на сите ракометарки. Претходно, Милена Раичевиќ по консултациите со стручниот штаб на Црна Гора го откажа својот настап во Токио. На списокот се наоѓаат и неколку поранешни ракометарки на Вардар: Јованка Радичевиќ, Андреа Кликовац и Итана Грбиќ.

Список на Црна Гора:

ГОЛМАНИ: Љубица Ненезиќ (Глорија Бузау), Анастасија Бабовиќ (Будуќност), Марина Рајчиќ (Кастамону)
КРИЛА: Мајда Мехмедовиќ, Јованка Радичевиќ (Кастамону), Дијана Мугоша (Подравка Вегета), Ивона Павичевиќ (Будуќност), Нина Булатовиќ (Јагодинa)
БЕКОВИ: Ѓурѓина Јауковиќ (Брест Бретањ), Јелена Деспотовиќ (Ѓер), Итана Грбиќ (Будуќност), Матеа Плетикосиќ (Крим), Андреа Кликовац (ЧСМ Букурешт), Наташа Чоровиќ (Левалеа)
ПИВОТИ: Татјана Брновиќ, Николина Вукчевиќ (Будуќност), Ема Рамушовиќ (ЧСМ Букурешт).

Својот прв настап во Токио, Црна Гора ќе го има на 25 јули против репрезентацијата на Ангола во рамките од А групата. Освен Ангола, противници на Црна Гора се репрезентациите на Холандија, Норвешка, Јапонија и Јужна Кореја.