Црногорецот Ѓурашковиќ е нов член на Куманово

Екипата на Куманово, која игра одлично во плеј-аут фазата во македонската елита, за останатите натпревари се засили со нов интернационалец.

Станува збор за ракометарот од Црна Гора, Немања Ѓурашковиќ, кој во Куманово пристигна од Германија, поточно од екипата на Котбус.

Ѓурашковиќ во својата татковина настапуваше и за екипите на Беране и Рудар, додека на интернационално ниво го носеше дресот и на Хапоел Ришон Ле Зион од Израел.

22-годишниот ракометар ги има минато сите младински категории во црногорската репрезентација.

Црногорецот ќе биде петтиот интернационалец во тимот на Куманово и вториот ракометар од Црна Гора по Владан Кастратовиќ.

Куманово се наоѓа на лидерското место во плеј-аут фазата и на сите четири дуели на стартот обезбеди триумф.