Цирих победи, Поповски со свој придонес за новите бодови

Екипата на Цирих каде што настапува интернационалецот Мартин Поповски во 27. коло од најсилната лига на Швајцарија ја забележа четвртата победа откако славеше на домашен терен против Базел со 27:23.

Мартин Поповски во победата на својот тим придонесе со два погодоци од четири обиди, а имаше и едно исклучување од две минути.

Цирих имаше предност во најголемиот дел од мечот, а после првиот дел предноста беше три гола кога домашниот тим водеше 13:10. Во продолжение тимот на Поповски сигурно ја чуваше позитивата и стигна до победата.

Тимот на Цирих после 27 одиграни кола се наоѓа на 9. позиција на табелата и се наоѓа пред тешка задача во битката за опстанок во плеј-аутот.