Цирар: На секој натпревар одиме со сите сили, треба да продолжиме со победите

Охрид славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 26-21 и се врати во игра за место во европските купови.

Одлична партија во домашниот табор имаше Гал Цирар со 12 постигнати погодоци.

Словенецот е задоволен од денешната игра против вториот тим на Еурофарм Пелистер истканувајќи дека одбраната била клучен фактор за триумфот.

„Врзавме две победи по ред на домашен терен и треба да продолжиме со добрите партии, на секој натпревар одиме со сите сили и можеби би изненадиле некој од тимовите кои на хартија се фаворити против нас. Почнавме малку лошо, не можевме да ја зацврстиме одбраната, но околу 15-та минута се си дојде на свое место и продолживме со исто темпо во остатокот од дуелот”, изјави Цирар.

Следен предизвик за тимот на Охрид ќе биде гостувањето кај актуелниот шампион Вардар.

Андоновски со победа се врати на клупата – Охрид пак во игра за Европа