ЦИНДРИЌ, КАРА, ЧУПКО: НЕМА ДА ЗАЖАЛИШ АКО ПОТПИШЕШ ЗА ВАРДАР!

Хрватскиот репрезентативец Анте Гаџа вели дека одлично го познавал Вардар од гостувањата во СЕХА лигата, но дека сепак ги прашал своите сонародници кои го носеа „црвено-црниот“ дрес – Чупиќ, Карачиќ, Циндриќ, за совет пред да дојде во Скопје.

„Многупати сум гостувал во Скопје и сум играл против Вардар во СЕХА. Сме зборувале и со другите играчи кои претходно играа во Вардар и немаше многу испрашувања. Сепак, побарав некој совет и единствено што имаа да кажат беа пофални зборови. Чупиќ, Карачиќ, Циндриќ, кој е моја генерација, сите се врзани за Вардар и Скопје. Колку за пример Циндриќ секој слободен момент е во Скопје, дури и Нова Година славеше тука. Тие ми рекоа нема да зажалиш ако дојдеш во Вардар и навистина е така.“

Целиот разговор со Хрватот прочитајте го подолу…

ИНТЕРВЈУ АНТЕ ГАЏА: Целиме високо, за да стигнеме далеку!