Цехте: Се надевам дека ќе освоиме што повеќе трофеи!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер вчера означи старт на подготовките за претстојната сезона 2023/24.

Еден од новаците во редовите на битолскиот тим, словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте уште минатата сезона требаше да пристигне во Македонија, односно во Вардар

Сепак, не дојде до реализација на неговиот трансфер, откако поранешниот македонски шампион беше исклучен од настап во Европа, па така ракометарот од Словенија кариерата ја продолжи во ГОГ.

Словенецот по една одиграна сезона во данскиот шампион ГОГ реши да направи нов предизивк во кариерата и да ја прифати понудата на Еурофарм Пелистер каде што ќе игра со неговиот сонародник Урбан Лесјак.

,,Среќен сум што пристигнав во Битола, се надевам дека сè ќе биде во ред и нема да има повреди за време на подготвителниот период. Со Лесјак многу зборував за атмосферата во клубот и градот и ми кажа само убави зборови. Се надевам дека така ќе биде и оваа сезона и ќе успееме да освоиме што повеќе трофеи“, изјави Цехте.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер моментално во Маврово ја реализираат првата фаза од подготвителниот период.

Новите лица на Еурофарм Пелистер (ФОТО)