Новите лица на Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Екипата на Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која ќе се натпреварува на пет фронта – Суперкуп, Куп на Македонија, СЕХА лига, Лига на Европа и Суперлига.

Тимот од Битола во однос на минатата година, претрпе поголеми промени во играчкиот кадар, а во новата сезона ќе биде предводен од новиот тренер, данецот Ларс Валтер.

Еурофарм Пелистер за новата сезона се засили со голманот Урбан Лесјак, пикерите Жарко Пешевски и Денис Василев, како и бековите Руди Сери, Вилсон Дејвис и Усама Хосни. На денешниот прв тренинг не беше присутен репрезентативецот на Тунис, Усама Хосни, кој на новите колеги ќе им се приклучи в понеделник.

Од почетокот на сезоната 2022/23 ракометарите Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски се приклучени кон тимот на Еурофарм Пелистер по две успешни сезони во Еурофарм Пелистер 2. Во овој период тие ги исполнија сите цели, двапати играа плеј-оф, еднаш завршен турнир на Купот на Македонија, изборија место во Лига Европа, а стигнаа и до репрезентативниот дрес. Ракометарите Емилијан Ѓорговски и Павле Петровиќ ќе го минат подготвителниот период со Еурофарм Пелистер во Битола и Маврово.

Избраниците на Ларс Валтер пред заминувањето во Маврово ќе одиграат контролен натпревар против втората екипа на Еурофарм Пелистер.

Пелистерци почнаа со подготовки, Павле Атанасијевиќ и Кузманоски се приклучија на првиот тим (ФОТО)