Цветковски постигна 11 гола, Куманово рутински против Македонија Ѓорче Петров

Ракометарите на Куманово славеа убедливо против Македонија Ѓорче Петров со 32-24 и само го потврдија пласманот во плеј-офот од Првата лига.

Скопскиот тим, кој имаше во ростерот само девет ракометари, парираше во првите дваестина минути. По 3-3, Куманово се одлепи на предност од 3-7, но Македонија ЃП се врати на гол негатива, 7-8. Сепак на пауза кумановски имаа плус пет, 12-17.

Вториот дел беше само формалност. Разликата во еден момент беше плус десет за Куманово, 16-26, но на крајот мечот заврши со осум разлика, 24-32.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Давид Цветковски со 11, како и Јован Даневски и Марко Спасиќ со по четири голови, додека кај Македонија ЃП, Боби Неделковски постигна шест погодоци.