Царчев го напушта Вардар, ќе ги тренира голманите на Саудиска Арабија

Тренерот на голманите на женската екипа на Вардар и поранешен тренер на голманите во машката сениорска репрезентација на Македонија, Александар Царчев ги напушта „црвено-црните“ и ја продолжува кариерата во Саудиска Арабија.

Во недела тој заминува за Дамам, а веќе има договор на 12 години така што во иднина ќе се грижи за формата на голманите од Саудиска Арабија и ќе има задача го крене нивото на нивната форма.

Досега Царчев беше дел од женската екипа на Вардар, а претходно имаше ангажмани и во репрезентацијата на Македонија.

Со заминувањето во Саудиска Арабија ќе го има својот прв интернационален ангажман како тренер.