Хосни се поздрави со Истр, подготвен за предизвикот Еурофарм Пелистер

Репрезентативецот на Тунис, Усама Хосни, го одигра својот последен натпревар за француски Истр, а раководството на клубот со плакета му се заблагодари за неговиот придонес во изминатите три сезони.

Хосни со победа ги заврши настапите во француската лига откако Истр во последното коло славеше против Нанси со 32:30, а новиот ракометар на „фармацевтите“ беше стрелец на еден гол во мрежата на гостите.

Како што е веќе познато, десниот бек од Тунис, кој во својата репрезентативна кариера има запишано 102 настапи, потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер.

Претходно со тимот од Битола потпишаа голманот Урбан Лесјак, бековите Вилсон Дејвис и Руди Сери, како и Денис Василев и Жарко Пешевски, кои настапуваат на пикерската позиција.

Туниски десен бек доаѓа во Битола – Усама Хосни потпиша за Еурофарм Пелистер