Холандија ги отвори картите пред квалификациите за ЕП

Новиот селектор на машката репрезентација на Холандија, Штафан Олсон денес го објави составот за првите квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2024.

Холандија е еден од противниците на Македонија на Светското првенство во 2023 година, па се очекува Олсон на Мундијалот во Шведска и Полска да настапи со скоро истиот состав кој ќе го има на располагање во квалификациските натпревари против Белгија, Хрватска и нашиот јужен сосед.

На списокот партиципираат 20 ракометари, а тука се и првите ѕвезди Кај Смитс од Магдебург, Лук Стеинс од ПСЖ и Дани Бајенс од Хамбург, Јансен, Слујтерс, Шаген, Тен Велде….

Избраниците на Олсон првиот квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2024 ќе го одиграат на 13 октомври на домашен терен против Белгија, додека на вториот квалификациски натпревар силите ќе ги одмерат со Грција на Халкидики. Натпреварот против Грција е закажан за 16 октомври.

Холандија реванш дуелите против Белгија и Грција, како и дуелот против Хрватска ќе го одигра следната година.