ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Талески беше X фактор – со четири проектили го среди Загреб (ВИДЕО)

Вардар оствари исклучително важна победа во борбата за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Црвено-црните беа подобри од Загреб со 20:19 после голема борба.

Натпреварот беше многу неизвесен до самиот финиш, Вардар водеше на полувремето но во продолжението избраниците на Дејвис имаа многу проблеми во напад. Тој се обиде со неколку измени да ја најде вистинската постава, а се покажа дека внесувањето во игра на Филип Талески беше вистинска одлука.

Кога вардарци немаа идеја во напад и беа во криза со реализација Филип Талески со неколку удари од девет-десет метри ја разби одбраната на Загреб и внесе разнивидност во нападот на Вардар.

Талески натпреварот го заврши со четири погодоци кои беа постигнати во многу важен момент. Еден од головите од далечина на левиот бек на Вардар може да го погледнете во видеото во продолжение.