Херојски пресврт на Шампион, го грабна целиот плен кај Бисинов

Ракометарите на Шампион остварија победа на гостувањето кај Бисинов во Велес со 27-25, откако направиија комплетен пресврт во финишот на мечот, иако во текот на првиот дел губеа и пет разлика.

Велешани имаа водство од 6-2 на стартот, потоа беше и 10-5, но како одминуваше времето така гостите се враќаа во игра. Избраниците на Слободан Чивлачки на пауза заминаа со негатива само од гол разлика, 13-12.

Бисинов повторно ја врати предноста од плус пет гола, 21-16, но Шампион направи херојски пресврт во финишот. По 22-19, со четири гола во серија поведе со 23-22, а домаќинот остана без Славков кој доби црвен картон поради три исклучувања.

Израмни Бисинов на 23-23, но две грешки нивни во нападот ги казни Шампион и веќе беше 25-23. До крајот гостите успешно го задржаа водството и ги освоија трите бода на гостувањето во Велес.

Најдобри стрелци кај победникот беа Сибиновски со седум гола, како и Спиркоски, Велјановски и Дебрешлиоски кои дадоа по четири погодоци. Кај Бисинов, осум гола даде Иванов.