ХАОС ВО СРБИЈА: Се испотепаа ракометарите на Војводина и Партизан (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Србија, Војводина, во првиот финален дуел против Партизан славеше на продолженија со 34:28, откако регуларниот дел заврши без победник 26:26.

Натпреварот, кој беше одигран во „Слана Бара“ во Нови Сад, остана во сенка на инцидентот, на кој реализатори беа играчите од двете екипи.

Имено, во 26-та минута од натпреварот при предност на домаќините од 12:6 настана голем хаос на теренот.

Екс ракометарот на Вардар и сегашен актуелен член на Партизан, Вук Лазовиќ, имаше груб старт врз членот на Војводина, Мохамед Аиди.

По стартот на Лазовиќ, играчите на двете екипи влегоа во физички конфликт, имаше турканици, по неколку боксови, шлаканици…

Судиите донесоа одлука Вук Лазовиќ да добие црвен картон, додека на неговиот колега Борис Радивојевиќ му доделија плав картон.

Реваншот за шампионската титула во Србија ќе се одигра на 24 мај, со почеток од 18:00 часот.