ХАОСОТ продолжува – нема да се играат две пријателски средби на домаќините на ЕП

Хаосот со откажувањето на пријателските натпревари пред стартот на Европското првенство продолжува.

Најнови на листата откажани натпревари се оние во Унгарија, меѓу домаќинот и Белорусија, кој требаше да се игра во Сент Миклош, како и дуелот меѓу Австрија и Словачка, кој требаше да се игра во Судштат.

Во редовите на белоруската селекција е откриен еден позитивен случај, но не е откриено дали се работи за ракометар.

Ист е случајот со словачката репрезентација, каде што беше добиен позитивен резултат кај еден член на делегацијата.

Во текот на денот беа откажани и средбите Данска – Норвешка, Словенија – Италија и Исланд – Литванија.