Хансен го мина Лазаров на листата на стрелци на Мундијалите!

Данскиот репрезентативец Микел Хансен со 12-те гола од првите два натпревара на Мундијалот изби на првото место на листата на стрелци на светските првенства. Тој успеа да го мине македонскиот селектор Кирил Лазаров.

Хансен има постигнато 327 голови, додека Лазаров на светските шампионати има дадено 315 голови. Во ТОП 3 е уште и најдобриот стрелец од Бундес лигата, репрезентативецот на Јужна Кореја, Јун Кјун Шин со 310 голови.

Бројката од 300 голови ја има минато и францускиот репрезентативец Мишел Гигу со 305 голови.

На оваа група брзо може да им се приклучи и уште еден ракометар од Франција. Станува збор за Никола Карабатиќ, кој по дуелот со Словенија на кој постигна 4 голови, има вкупно постигнато 285 погодоци.