Французите не чекаа долго: Најдена е замената за Динар!

Откако пред два дена француската ракометна федерација му даде отказ на досегашниот селектор Дидие Динар, не се чекаше многу за неговата замена.

По фијаското на Европското првенство, кога Франција беше елиминирана уште во првата фаза по поразите од Португалија и Норвешка, неизбежна беше промена на кормилото.

Француската федерација му даде доверба на досегашниот помошник на Динар, Гијом Жил, кој прв предизвик ќе има во април во квалификациите за пласман на Олимписките игри.

Жил кој најдобрите играчки денови ги имаше во Хамбург и Шамбери, ја почна тренерската кариера токму во Шамбери, пред да се приклучи во стручниот штаб на Динар, каде работи од 2016 година.