Французин ќе го чува голот на европскиот првак Вардар!

Францускиот чувар на мрежата Робин Кантегрел ќе им прави друштво на Борко Ристовски и Марко Кизиќ на голманската позиција во европскиот шампион Вардар, објави Спортмедиа.

Станува збор за 26-годишен голман, кој досега беше дел од тимот на Сесон Рен и кој бил посакуван од Раул и ПСЖ минатото лето.

Во комбинација беше Никола Митревски, но тој се реши за трансфер во Порто, па Михајло Михајловски го активираше планот Б.

Оваа сезона Кантегрел имаше 142 одбрани на 18 натпревари, односно 7,89 во просек. Претходната сезона како член на Понто Комбо му е најуспешна во кариерата со 242 одбрани на 24 меча.