Французин во Битола – Руди Сери потпиша за Еурофарм Пелистер!

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер го промовираше своето трето засилување за новата сезона.

Францускиот лев бек Руди Сери потпиша двегодишен договор со битолските „фармацевти“, а доаѓа од францускиот тим Сесон Рен.

27-годишниот Сери во својата кариера има настапувано за францускиот клуб Селеста Алкасе како и шпанска Бидасоа Ирун.

Претходно за битолскиот тим потпишаа голманот од Хановер, Урбан Лесјак и десниот бек кој настапува во францускиот шампионат, Усама Хосни.