Франција ќе биде ослабена на СП: И Дембеле стави крај на репрезентативната кариера

Уште една поранешна ракометарка на Вардар одлучи на помалку од две недели до почетокот на Светското првенство во Шпанија да стави крај на својата репрезентативна кариера. Сираба Дембеле нема да биде дел од составот на Франција така што олимпискиот првак од Токио ќе биде уште поослабен и изменет во однос на летото.

Дембеле која има 35 години мина 15 години во репрезентацијата и во овој период постигна 848 погодоци на 291 натпревар.

Во 2017 година дојде до титулата на Мундијалот во Германија, а година подоцна и на Европското првенство во Франција. Има и две сребра од Светските првенства и сребро и бронза од европските шампионати. Освои сребро на Олимпискиот игри во Рио де Жанеиро, а летово отпадна од составот иако беше во комбинација за игрите во Токио. Причината беше во повредата на ахиловата пета.

Ова е второ повлекување на ракометарки од репрезентацијата на Франција. Пред неколку дена истото го направи и Александра Лакрабер, ракометарка која еден од од својата кариера исто така помина во Вардар.