Франција со две промени за дуелот против Романија

Репрезентацијата на Франција денес во рамки од 2. коло од Европското првенство ќе игра против незгодната Романија, која во првото коло беше минимално поразена од Холандија.

Селекторот на ,,сините” Оливие Крумболц реши да направи две промени. За Франција во вечерашниот дуел против Романија во игра ќе бидат Паула Коатанеа и Орланд Канор.

Двете споменати ракометарки ќе настапат на местото на Ориан Ондоно и Луси Грание. Франција доколку оствари победа во дуелот со Романија, тогаш ќе обезбеди пласман во главната фаза, односно место меѓу 12-те најдобри репрезентации на континенталниот собир.

Натпреварот меѓу Франција и Романија ќе се одигра со почеток од 20:30 часот во СЦ ,,Борис Трајковски”, додека во терминот од 18:00 часот ќе играат Македонија и Холандија.