Франција засилена во битката за бронза – се враќа Мае

Селекцијата на Франција доби засилување за натпреварот за третото место на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Селекторот Гијом Жил ќе смета на средниот бек Кентан Мае, кој доби негативен тест и излезе од изолација.

Тој се враќа во ростерот па пауза од три натпревари и ќе биде помош за Никола Карабатиќ, па Жил нема да мора да игра со десен бек на плејмејкерската позиција како што беше случај со Мем или Ричардсон.

Франција загуби од Шведска во неизвесен натпревар во полуфиналето, па мора да се задоволи со битка за бронзениот медал.

Ривал на Франција ќе биде селекцијата на Данска, која беше поразена од Шпанија, а мечот за третото место се игра утре во „МВМ Арена“ со почеток во 15:30 часот.