Франција донесе одлука: Ставен СТОП на Купот и на пониските лиги

Продолжувањето на растењето на бројката на заболени лица од коронавирусот беше причина за прекинување на уште првенства низ Европа.

Франција е новата земја која одлучи да донесе одлука за крај на првенството. Одлуката е да бидат прекинати сите пониски лиги и тие нема да бидат доиграни без разлика кога ќе биде дадено зелено светло за враќање на терените.

Покрај тоа што се прекинати пониските лиги, прекинати се игрите и во Купот на Франција и во машка и во женска конкуренција. Оттаму останува да се види само како ќе финишираат средбите од најсилните лиги. За нив ќе се почека да се види развојот со пандемијата на коронавирусот.

Доколку дојде до подобрување и може да се играат натпревари тогаш ќе има финиш на сезоната на терен. Во спротивно и таму ќе има прекин на првенството.