ФОТО НА ДЕНОТ: Секогаш со срце – за МАКЕДОНИЈА!

Македонија ја забележа втората победа во квалификациите за ЕП 2024, откако славеше на жешкиот терен потив Турција со убедливи девет гола, 36-27. Триумфот заслужи да биде одбележан со една победничка фотографија од соблекувалната.

Оваа победа значи дека со една нога сме на континенталниот собир и со Португалија ќе се тркаме за првото место во групата што можеби ќе ни го донесе и првиот шешир пред ждрепката за групите.

Талески со седум гола беше најдобар стрелец на теренот, пет постигна Манасков, а Јагуриновски стрелаше четири пати. Митревски имаше седум, а Томовски шест одбрани.

Следните квалификациски дуели за ЕП, Македонија ќе ги игра во март 2023 година против селекцијата на Португалија.