Фленсбург ослабен во Скопје – Гола нема да игра против Вардар

Екипата на Фленсбург на почетокот на сезоната, односно наредните три месеци ќе биде ослабена на пикерската позиција после повредата на Јоханес Гола.

Германецот на тренинг заработи скршеница на метатарзалната коска на стапалото и мора да биде опериран. Ова е лоша вест за Мајк Макула кој на почетокот на сезоната ќе биде без еден од поважните играчи во својот тим.

„Ваквите повреди се неверојатно болни за мене, Јоханес веќе беше во неверојатно добра форма и сигурно ќе имаше врвни настапи за нашиот тим. Многу нè погодува тоа што на нашиот тим ќе му недостасува ваков играч. Жал ми е за Јохаенс и му посакувам брзо закрепнување. Ние сeкако имаме соодветна замена во Јакоб Хајнл“, рече Мајк Макула.

Екипата на Фленсбург е противник на Вардар во Лигата на шампионите, а повредата на Гола значи дека тој ќе биде надвор од тимот за првиот дуел. Фленсбург ќе гостува во Скопје на 14 октомври во рамки на 4. коло од Лигата на шампионите.