Финска со двете најголеми ѕвезди доаѓа во Македонија

Во првите два натпревари од квалификациите за Европското првенство во 2022 година, Македонија силите ќе и одмери со репрезентциите на Финска и Швајцарија.

На отварањето во Скопје ќе гостува репрезетацијата на Финска на 4 ноември, а нивниот селектор Ола Линдгрен го објави списокот од 17 ракометари со кои ќе настапи во првиот циклус од квалификациите.

На списокот на Линдгрен најголемиот дел ракометари се од финското првенство, но има и неколку интернационалци кои настапуваат во Германија, Шведска, Франција и Норвешка. Неизвесен е настапот на Нико Ронберг, кој има мала повреда.

Финска настапот во квалификациите го избори во јануари на претквалификациите, а добрата игра тренерот Линдгрен сака да ја продолжи и во последната фаза пред првенството. Сепак селекторот е свесен за квалитетот на противниците и најави дека ги очекуваат многу тешки натпревари.

Список на Финска:

Михаел Макела – Дикен
Патрик Росландер – Дикен
Јонас Клама – Бергишер (ГЕР)
Тему Таминен – Кокс
Бенџамин Хеландер – Алингсас (ШВЕ)
Нико Ренберг – Иври (ФРА)
Макс Гранлунд – Дикен
Робин Гранлунд – ГриФК
Пеик Сјаблом – АИФК
Иан Мартин – Дикен
Оскар Килштет – Варберг (ШВЕ)
Миро Коjонен – Фјелхамер (НОР)
Ричард Сандберг – ГриФК
Рони Сирјала – Кокс

Себастијан Сакинен – БК46
Фредрик Форс – ГриФК
Оскар Берглунд – АИФК