Филип Талески има понуда од Вардар, ама…

Македонскиот репрезентативен лев бек Филип Талески нема да го продолжи својот престој во бундеслигашот Балинген и во новата сезона ќе има нов предизвик.

Како и по заминувањето од Рајн Некар, така и сега, има можност за камбек во Македонија, но Талески веројатно ќе се реши да остане во Германија.

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, откри дека левиот бек има понуда од Вардар, но дека веројатно нема да ја прифати.

„Сакам да го видам Талески во Вардар, тоа го кажувам јавно. Тој има понуда да биде член на Вардар уште од ова лето. Зошто и како се гледа себе си во Германија, искрено не знам и не можам да разберам. Не мислам дека има нешто подобро од тоа да работите во својата држава. Неговата и визијата на Кузмановски е неразбирлива за мене, но мора да ги почитуваме нивните одлуки“, вели Алушовски за  „Balkan Handball“.

Талески веќе има две понуди од Бундес лигата и веројатно наскоро ќе прифати една од нив.