Уште три тима се откажаа од играње во Европа!

Белоруската федерација објави дека само пет клуба ќе ја претставуваат нивната држава во европските купови следната сезона.

Според рејтингот, кај мажите Белорусија можеше да пријави четири тима, а ќе играат три. Мешков Брест во Лигата на шампионите, СКА Минск во Лигата на Европа, додека Машека Могилев во ЕХФ Купот.

Четвртопласираниот Минск не сакаше да игра во ЕХФ Купот, а таа шанса не ја искористија ниту Кронон и Гомел.

Кај дамите, шампионот Гомел нема да игра во Лигата на Европа, а таму ќе биде само БНТУ Белаз. Во Купот на ЕХФ се пријави само Брест, а нема да игра Городничанка.

Претходно хрватските Дубрава и Пореч најавија дека нема да се пријават, се откажа словенечката Рибница, три тима од Луксембург, унгарскиот Чурго…