Уште не е завршена тековната, а веќе продадоа повеќе од 4.000 сезонски билети за следната сезона!

Добра вест за време на карантинот и пандемијата со коронавиирусот доаѓа од Германија, односоно од клубот на Филип Кузмановски, Магдебург. Навивачите на клубот купија рекорден број сезонски билети за следната сезона.

До 23 март околу 4200 навивачи веќе го обезбедиле својот сезонски билет за сезоната 2020/21. Но заинтересираноста е уште поголема и уште 350 барања за билет се на чекање.

„Сакам да им се заблагодарам на навивачите за довербата. Им благодарам што покажаа целосна верност на клубот Магдебург и не поддржаа во оваа тешко време“, коментираше извршниот директор  на Магедубрг, Марк Хенинг Шмидт.

Првенството на Германија е во прекин заради коронавирусот како и првенствата речиси секаде, а клубовите на најразлични начини се обидуваат да се справат со кризата. И најбогатите екипи најавија кратење на платите за полесно да го поминат овој период.